Линкови за пристапност

Конгресменот Мичел со поддршка на македонската интеграција во ЕУ и НАТО


Посветен сум на одржување и зацврстување на позитивна и заеднички корисна врска меѓу САД и Македонија, рече тој

„Како ко-претседател на групата во Конгресот за Македонија и Американците со македонско потекло, и како претставник на најголемата македонска популација во САД, посветен сум на одржување и зацврстување на позитивна и заеднички корисна врска меѓу САД и Македонија“, изјави конгресменот Пол Мичел, по вчерашната средба со Обединетата македонска дијаспора (ОМД).

Мичел истакна дека секогаш е добро да се сретне со членовите на ОМД за да разговара за македонската интеграција во НАТО и Европската унија.

На барање на ОМД, Мичел ја сочува и сторијата на Би-Би-Си за македонското малцинство во Грција во архивата на Конгресот.

Претседателот Мето Колоски, пак, е благодарен што конгресменот Мичел работи на зацврстување на односите меѓу двете држави.

„Конгресменот Мичел ни вети дека нема да го користи зборот Северна и оти нашата држава ќе ја вика Македонија. Тој е голем поддржувач на нашето право за самоопределување“, рече Колоски, кој на средбата присуствуваше со Кристина Димитриевски, глобален ко-претседавач на младинскиот огранок на ОМД, Генерација М.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG