Насилството од 6 јануари 2021 година е толку централно во напорите за реизбор на Доналд Трамп што отворил предизборен митинг со песна од мажи осудени за нападот на Конгресот тој ден.
„Ги слушнавте заложниците како пеат. Тоа беа заложници. Тие се заложниците Џеј-Сикс што ги нарекувам“, рече Трамп.
Толпата навива кога Трамп ги нарекува бунтовниците патриоти и заложници, наместо осудени криминалци.
„За време на Џо Бајден, американските патриоти се апсат и држат во заробеништво како животни“, додаде Трамп.
За време на Џо Бајден, американските патриоти се апсат и држат во заробеништво како животниДоналд Трамп, кандидат за претседател на САД
Во песната што Трамп ја снимил со хорот „ЏејСикс Присон“, тој ја рецитира заклетвата за лојалност кон знамето на САД.
„Несоодветно е да се користи заклетвата за поддршка на обвинетите за насилниот бунт против Конгресот. Значи, мислам дека критичарите се во право во тој поглед. Се разбира, изговорот на Доналд Трамп или неговото објаснување, е дека всушност тие се вистински патриоти“, смета Џенифер Мерсиека од Универзитетот на Тексас.
„Ќе се однесуваме кон нив праведно. И ако тоа подразбира помилување, ќе ги помилуваме“, најавува Трамп.
Кампањата на Бајден, исто така, зборува за насилството од 6 јануари, не како патриотизам, туку како закана за демократијата.
Тие беа таму за да го уништат УставотЏо Бајден, Претседател на САД
„Тие беа бунтовници, а не патриоти. Тие не беа таму за да го поддржуваат Уставот; тие беа таму за да го уништат Уставот“, вели Бајден.
Ако биде реизбран, тој сака да го помилува, цитирам, секој од нив.
„Нападот на Трамп врз демократијата не е само дел од неговото минато. Тоа е она што тој го ветува за во иднина“, додава Бајден.
Како тоа насилство во 2021 година ќе влијае врз гласањето во 2024 година зависи од тоа како се идентификувате самите, вели политикологот Крис Еделсон од Американскиот Универзитет.
„Некои луѓе ќе бидат стимулирани од 6 јануари. Некои се згрозени“, објаснува Крис Еделсон од Американскиот универзитет.
Бајден и Трамп го користат 6-ти јануари како предупредување за тоа што може да се случи ако погрешната личност биде избрана за претседател.