Претставничкиот дом, што е под контрола на републиканците, го усвои предлог-законот со просто мнозинство од 275 спрема 144. Легислативата сега оди на разгледување во демократскиот Сенат.
Одредбите чие важење истекува и кои се обновуваат би им дозволиле на властите да изведуваат електронско прислушкување, да имаат пристап до бизнис информации и да следат осомничени странски државјани кои би можеле да прават заговор за напади.