Линкови за пристапност

Пелоси и Шумер ја поздравија борбата на Вартоломеј против климатските промени


За двата дома на Конгресот е важно што „зелениот патријарх“ дојде во време кога се носи историска легислатива за заштита на животната средина, рече лидерот на сенатското мнозинство Чак Шумер, по денешната средба со вселенскиот патријарх, кој утрово се сретна и со спикерката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси.

„За вашето време како патријарх, вие сте еден од водечките светски лидери за животна средина. Им се придржувам на моите колеги во благодарноста до вас за кревање на свеста за човештвото“, рече Шумер.

Пелоси и Вартоломеј се согласиле и за важноста од зачувување на верските слободи, како и за потребата да се поддржат државите во развој да обезбедат ковид вакцини.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG