Линкови за пристапност

Вартоломеј однесен во болница ден откако пристигна во посета на САД


Екуменскиот патријарх не се чувствувал добро како последица на долгиот лет и полна агенда со настани по неговото доаѓање, соопшти Грчката православна епархија во Америка

На екуменскиот патријарх Вартоломеј му се слошило денес, еден ден по пристигнувањето на дванаесетдневна тура во САД, соопшти Грчката првославна епархија во Америка.

Оттаму изјавија дека пред да замине на служба во катедралата „Света Софија“ утрово во Вашингтон, екуменскиот патријарх не се чувствувал добро како последица на „долгиот лет и полна агенда со настани по неговото пристигнување“.

„Неговиот лекар го советуваше да одмора и поради претпазливост ќе биде однесен во универзитетската болница Џорџ Вашингтон“, соопшти Грчката православна епархија во Америка.

Неофицијално, тимот за комуникации на Вартоломеј изјави дека лекарите утврдиле оти примарна причина за состојбата на екуменскиот патријарх била исцрпеност од патувањето, нагласувајќи дека засега нема промена во утрешниот распоред. Според лекарска препорака, тој ќе остане во болница до утре наутро, кога се очекува да биде пуштен.

Екуменскиот патријарх Вартоломеј дојде во посета на САД по пауза од 12 години, а планирани се средби со претседателот Џо Бајден, државниот секретар Ентони Блинкен, спикерката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси, амбасадори и црковни лидери и верници во повеќе градови низ САД.

Пред неговото доаѓање, група сенатори предводени од Боб Мененедез и Марко Рубио, испратија писмо до Бајден, во кое го повикаа претседателот да го пречека Вартоломеј со „почести какви што заслужува“, нагласувајќи дека тој претставува фигура која игра значајна улога во промоција на мир преку меѓуверски диjалог, како и оти претставува пионер во прашањата за заштита на животната средина.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG