Одлична вест за љубителите на тестенините. Студија направена во Италија упатува дека тие не дебелеат, можеби дури и ги намалуваат шансите за дебелеење.
Во напис во списанието „Храна и дијабетес“, истражувачите велат дека медитеранската диета главно „придонесува за здрав индекс на телесната маса, помала половина и подобар сооднос на половината наспроти колковите.“
Истражувањата на Одделот за епидемиологија при Институтот за истражување, хоспитализација и на Медитеранскиот неуролошки институт за здравствена заштита во Позили се засновани на анализите на диетите на повеќе од 23.000 лица.
„Општо мислење е дека тестенините не се адекватни кога сакате да изгубите килограми. Некои луѓе целосно ги отфрлиле од нивните оброци, “ вели Лициа Јаковиело, раководителка на Лабораторијата за молекуларна и нутриционистичка епидемиологија во институтот, и „во светло на оваа истражување, можеме да кажеме дека ова не е` правилен однос.“
Сепак Јаковиело додава дека тестенините треба да бидат консумирани умерено, како дел од диетата која вклучува разни медитерански продукти, како свеж зеленчук и овошје, нерафинирани житарки, ореви, бадеми, маслинки и леќа меѓу другите.
Многу други студии покажаа дека медитеранската диета го намалува ризикот од срцев и мозочен удар.