Линкови за пристапност

Се разгледува опцијата за здравствен пасош, но, тоа не зависи само од државата, вели Филипче


Здравствени пасоши за туристите - превенција или дискриминација?
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:45 0:00

Идејата е да се контролира приливот на гости при самото нивно влегување во државата, објаснуваат хотелиерите

Секој странски турист кој ќе дојде во Македонија ова лето да поседува таканаречен здравствен односно имунолошки пасош. Ова е едно од барањата, кое туристичкиот сектор ќе го иницира до Владата. Идејата е да се контролира приливот на гости уште при самото нивно пристигнување во земјата, вели Перо Кутаноски, менаџер на хотел на охридската ривиера.

„Веќе е покрената иницијатива да се предложи тоа. Станува збор за здравствен пасош, дека сте потполно здрави и дека можете да патувате. Државата од каде што доаѓа му го издава тоа. Без разлика дали се работи за помлада или постара генерација, уште при самото доаѓање истите да поседуваат имунолошки пасош дека се здрави и дека не се позитивни на Ковид 19“, вели Перо Кутаноски, менаџер на хотел во Охрид.

Тој додава дека тоа би значело поголема сигурност, не само за гостите, туку и за домаќините.

Претседателот на Хотелската асоцијација на Македонија (ХОТАМ) Крсте Блажески, вели дека се во комуникација и со останатите чинители во овој сектор и државата.

„Тешко е да кажете некому дека треба да оди да се прегледа, да дојде со документ, да добие пасош дека е здрав, па да оди во друга држава да патува. Не сме ние тие кои треба да го решаваат тоа. Има соодветни лица кои треба да дадат мислење и да се произнесат како тоа би се одвивало понатаму“, вели Крсте Блажески, претседател на ХОТАМ.

Но, за Илкер Гаваз, угостител од Струга, евентуалната мерка за здравствен пасош би било дискрминирачки за секој кој ќе сака да ја посети земјава.

„Здравствен пасош мислам дека е погрешна политика. Toa e фактички како етикета. Сметам дека е дискриминирачки и не знам што мислат правните експерти за оваа работа, но, навистина треба посебно да се разговара за здравствените пасоши“, вели тој.

Министерот за здравство Венко Филипче, за Гласот на Америка, потврди дека се разгледува опцијата за имонолошки пасош, но, оти тоа нема да зависи само од нашата држава.

„Истото се размислува и на ниво на Светска здавствена организација, но, истовремено сакаме да иницираме и регионален пристап во разгледувањето на ова прашање“, рече Филипче.

Од Стопанската комора велат дека со во комуникација со останатите комори во земјава и регионот, и оти секое релаксирање на протокот на патници и туристи ќе биде согласно здравствените состојби во земјите, и препораките и активностите кои ги презема ЕУ.

Додаваат дека се` што постои како идеја ќе се развива детално во наредниот период. Слична ваквa иницијатива неодамна произлезе и во Грција, но, и во некои други земји.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG