Линкови за пристапност

Бројот на Американци со пасоши достигна рекордно високо ниво


Причината за брзиот раст за вадење пасоши во САД, дојде во 2007-ма година, кога на Американците им беа потребни патните исправи, за да ги посетат Канада, Мексико, Јужна Америка, Карибите и Бермуди

Според податоците од пописот и Стејт департментот, во 2016-та година биле издадени 21,4 милиони пасоши, што е најмногу досега. Тоа значи дека 42 отсто од Американците поседуваат пасош, што претставува раст од 15 отсто од 2007-ма година. Во 1990-та година, само четири отсто од Американците имале ваква патна исправа.

САД сé уште заостануваат зад некои други земји, како што е Британија, кадешто 76 отсто од жителите имаат пасош, додека во Канада оваа бројка е 66 проценти.

Причината за брзиот раст за вадење пасоши во САД, дојде во 2007-ма година, кога на Американците им беа потребни патните исправи за да го посетат Канада, Мексико, Јужна Америка, Карибите и Бермуди. Претходно за овие земји не беше потребен пасош, а промената беше одговор на терористичките напади на 11-ти септември 2001-та во САД.

Според податоците на Владата на САД, 35,1 милиони Американци патувале во странство во 2016-та година. Тоа е покачување од 4,1 процент, споредено со 2015-та.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG