Линкови за пристапност

Страсна љубов – ефикасен лек против болка


Страсна љубов – ефикасен лек против болка
Страсна љубов – ефикасен лек против болка

Научниците велат дека ефектот се должи на чувствата што стимулираат, односно системот на наградување мозокот.

Меѓународен музички хит од 1970-те вели „Љубовта боли“, но сега знаеме дека љубовта не нанесува болка. Всушност, може да направи да се чувствувате подобро, емоционално и физички. Истражувачите изведоа студија што инволвира 15 ученици кои тврделе дека се во први, интензивни фази на нова врска.

Како дел од процесот на регрутација, на учениците им бил даден прашалник дизајниран со цел да ги идентификува оние кои се еуфорични и опседнати со мисли за нивната сакана личност.

Се работи за прашања како „Мојот живот нема смисол без мојот партнер“и тн.

Испитаниците што добиле многу поени на таквите прашања, биле поканети да учествуваат во студијата, вели водечкиот автор Џаред Јунгер, асистент-професор во одделот за анестезиологија во калифорнискиот Универзитет Стенфорд. Тој вели дека страсна љубов опишана со силни термини звучи како зависност. Сакал да знае дали интензивни романтични чувства стимулираат иста биохемиска реакција во мозокот како дрогата или алкохолот.

„Знаеме дека дрогата влијае на центрите за намалување на болката. Се парашавме дали љубовта ги активира истите региони и ја намалува болката?“, вели Јунгер.

Истражувачите употребиле МРИ машини за сликање на мозокот на учесниците во студијата додека гледале слики на саканите или на пријател.

Тие исто така на субјектите им дале да држат термална направа што се регулира со компјутер и која предизвикувала умерена болка.

Јунгер вели дека учениците концентрирани на сликите на нивната сакана личност искусиле далеку помала болка за време на експериментот отколку оние кои биле фокусирани на слики на нивни пријатели.

Јунгер вели дека болката била редуцирана за 45 проценти, што е многу подобро отколку што би добиле со лек што се купува во аптека, па дури и посилни лекови.

Во случаи на голема болка, Јунгер вели дека чувствата на интензивно копнеење ја намалило непријатноста за 12 проценти, што не е многу, но сепак многу помоќно средство отколку многу лекови.

Истражувачите нашле дека слични намалувања на нивото на болка учесниците почувствувале при вербално одвлекување на вниманието со зборови на асоцијација иако Јунгер нагласува дека таков вид на дистракција стимулира различен дел на мозокот.

А што се случува кога страста се лади? Јунгер вели дека планира истражување за ефектот на долготрајна романтична врска на ослеснување на болката.

Студијата за страста и болката е објавена во журналот PLoS ONE.

XS
SM
MD
LG