Во собраниска комисија започна амандманската расправа за Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, која, како што предвидува Деловникот, треба да заврши во рок од три дена. За толку време треба да се расправа за 94 амандмани поднесени на нацрт-законот. Ваквиот рок наметна напнатост во Собранието на самиот старт на расправата, па првиот ден мина во расправи за Деловникот.
Претседателот на Комисијата за транспорт и врски Реџаиљ Исмаили соопшти дека репликите и контрарепликите на пратениците ќе бидат ограничени на три и на една минута. На тоа реагираа опозициските пратеници, кои во голем број беа присутни на седницата. Тие тврдат дека ограничувањето е спротивно на Деловникот и го прашаа претседателот на Комисијата како за само три дена ќе се гласаат сите амандмани.
„Дали ќе не' исфрлате повторно со сила, со полиција и со војска, за да го донесете законот за три дена, бидејќи е реално невозможно за толку малку време да се разгледаат 94 амандмани“, праша пратеникот Благоја Стојановски од СДСМ.
Исмаили одговори дека Комисијата ќе работи од 10 часот наутро до доцна навечер, а дека амандманите што ќе останат ќе се гласаат без расправа за нив.
Во обид да ја смири лутината на опозицијата, владејачкото мнозинство повлече дел од предложените амандмани.
Пратениците на СДСМ, пак, на седницата на матичната комисија побараа повлекување на Законот за медиуми и темелна преработка на Законот за аудиовизуелни услуги. Според Јани Макрадули од СДСМ, Законот за медиуми се носи на иницијатива на Владата, а не на барање на Европската комисија.
Здружението на новинарите на Македонија подесе нов амандман во кој се бара примената на оваа регулатива да се одложи до влезот на Македонија во ЕУ.
„Владата тврди дека овој закон е според европски стандарди. Тогаш, ние немаме ништо против тој да се примени кога ќе станеме членка на ЕУ. Ако која било власт ја убеди Европската комисија дека во земјава се почитуваат слободата на изразување и слободата на медиумите, нема потреба да стравуваме дека примената на овој закон ќе може да се злоупотреби за замолчување на критичките гласови во медиумите“, рече претседателот на ЗНМ, Насер Селмани.
За Законот за аудио и аудиовизуелни услуги ЗНМ доставило неколку амандмани, со кои, како што рече Селмани, се обидува да се спречи политичкото влијание при изборот на членови на Програмскиот совет на МРТВ и се предвидува одржливо финансирање на јавниот сервис.
Јавната расправа оценувајќи ја како фарса ја напуштија еснафските здруженија како Синдикатот на новинарите и Македонскиот институт за медиуми.
Европската комисија јавно соопшти дека Законот за медиуми не се носи по нивно барање.