Линкови за пристапност

Социјалната мрежа Парлер активирана повторно


Парлер, социјална мрежа популарна меѓу конзервативните Американци, која беше исклучена по нападот на Конгресот, од вчера повторно е активирана, објави Ројтерс.

Парлер вели дека новата платформа била изградена на „одржлива, независна технологија“.

Позната како алтернатива на Твитер, Парлер претходно беше деактивирана од Амазон, отако мрежата одби да ги отстрани содржините кои поттикнуваат насилство. И Гугл и Епл ја отстранија апликацијата на Парлер од нивните продавници.

Парлер, која имаше над 20 милиони корисници, изјави дека во првата недела ќе ги врати корисниците онлајн, и оти ќе биде отворена за нови корисници од наредната недела.

Мрежата беше основана во 2018 година, како простор за „слободен говор“, и во голема мера привлече конзервативци во САД, кои не се согласуваат со правилата за споделување содржина на другите социјални медиуми.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG