Денес се одбележува една година од пукањето во средното училиште во Паркленд, Флорида, при кое беа убиени 17 лица.
Ова и многу други убиства ја зголемија дебатата за безбедноста и употребата на оружјето.
2018-та година помина во знак на протести на учениците ширум државата кои, исто така, масовно излегоа да гласаат на делумните конгресни избори минатата година.
Активистите од Паркленд, кои маршираа за да се зголеми свеста за контролата на оружјето и безбедноста во училиштата, се фокусираа и на регистрација на гласачите, охрабрувајќи ги младите да бидат политички поактивни.
Тоа се покажа и на изборите во 2018-та, кога 31 процент од гласачите беа на возраст од 18 до 29 години.
Безбедноста од оружје е една од главните причини поради која милениумците излегоа на гласање.
Контролата на оружјето и Вториот Амандман беа на листата на најголеми грижи пред делумните конгресни избори лани, стои во анкетата на Инситутот за политика на Харвард, како и економијата, работните места и имиграцијата.
Согласно анкетата на Универзитетот Квинипак, 97 проценти од Американците поддржуваат универзална проверка на минатото на сите што сакаат да купат оружје, што претставува најголем процент во период од пет години.
Facebook Forum