Линкови за пристапност

Групи за човекови права: Службата за паркови ги блокира протестите за инаугурацијата


Од Службата велат дека ќе издадат дозволи за протести, но не за сите

Американските поборници за човековите права се закануваат дека ќе ја тужат Службата за паркови на САД, ако оваа агенција, не им даде дозвола на групите кои планираат да протестираат за време на инаугурацијата на новоизбраниот претседател Доналд Трамп.

Само три од вкупно 26 групи кои барале да организираат протести или да ја прослават победата на Трамп, добиле дозвола од Независниот претседателски инаугуративен комитет.

„На 15 дена пред инаугурацијата Служба за паркови на САД и Независниот претседателски инаугуративен комитет одбиваат да дадат дозволи кои се витални за организаторите за да планираат и извршат мирни, законски активности“, кажа на прес конференција Мара Верхејден Хилард, извршен директор на The Partnership for Civil Justice Fund.

Службата за паркови обично резервира место околу Националното шеталиште за користење од страна на Претседателскиот инаугуративен комитет. Но адвокатите кои ги претставуваат демонстрантите велат дека агенцијата отишла предалеку со блокирањето на јавните простори. Тие се заканија дека ќе судат, ако не бидат дадени дозволите.

Сепак, портпаролот на Службата за паркови, Мајк Литерст кажа дека агенцијата наскоро ќе издаде вакви дозволи.

XS
SM
MD
LG