Линкови за пристапност

Застрелан напаѓач пред Лувр


Француските власти велат дека станува збор за терористички чин

Лице кое извикувало „Алах е најголем“ со нож нападнало француски војници кои патролирале во близина на музејот Лувр во Париз. Властите нападот го опишаа како терористички чин. Војниците најпрвин се обиделе да го совладаат и приведат напаѓачот, но потоа отвориле оган и го застрелале пет пати.

Нападот пред влезот на трговскиот центар кој се наоѓа под музејот предизвика паника, и уште еднаш ја потенцираше заканата, со која според француските власти се соочува земјата по екстремистичките напади во 2015 и 2016-та година.

Од полицијата велат дека напаѓачот имал две торби и нож. Тој ги нападнал војниците откако тие му рекле дека не` може да ги внесе торбите во трговскиот центар, кој се наоѓа под светски познатиот музеј каде се чува „Мона Лиза.“

Од француското министерство за внатрешни работи велат дека обвинителството го истражува случајот, но не дадоа детали за идентитетот на напаѓачот.

По нападите во јануари 2015-та година врз магазинот „Шарли Ебдо“ и по нападот подоцна врз концертната сала Батаклан, по улиците на Париз патролираат 3.500 војници.

Во денешниот напад полесно бил повреден еден војник.

XS
SM
MD
LG