Линкови за пристапност

Над 130 апсења на протестите во Франција


Демонстрантите во Франција се судрија со полицијата за време на протестите поради зголемените трошоци за гориво

Француската полиција во саботата се судри со демонстрантите низ целата земја кои протестирираа поради зголемувањето на цените на горивата.

Министерот за внатрешни работи Кристоф Кастанер рече дека повеќе од 100.000 демонстранти излегле на улиците ширум земјата, додека 8.000 имало на популарната авенија Шанз-Елизе. Имало повеќе од 130 апсења низ целата држава.

Полицијата во Париз употреби солзавец и водени топови за да ги растера демонстрантите кои подигнаа барикади и ги уриваа семафорите и сообраќајните знаци, со што сцените потсетија на граѓанските немири во 1968 година.

Данокот на дизел горивото се зголеми за речиси осум центи по литар, а министерката за транспорт, Елизабет Борн, рече дека растот ќе продолжи и во наредните години. Данокот за бензин е исто така зголемен. Бензинот во моментов чини 1,85 долари за литар, малку повеќе од дизелот.

Макрон инсистира на тоа дека данокот на горивата е неопходен за да се намали зависноста на Франција од фосилните горива и да се финансираат инвестиции од обновливи извори на енергија.

За следната недела е најавено дека претседателот ќе објави нови планови со кои треба да се олесни „енергетската транзиција“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG