Линкови за пристапност

Музејот Лувр се отвора делумно


Најскапата слика во светот „Мона Лиза“ ќе биде изложана за посетителите, но, пред неа нема да можат да се прават селфија

Музејот Лувр во Париз денес се отвора делумно, откако 16 недели беше затворен поради пандемијата на КОВИД-19.

Музејот соопшти дека за речиси четири месеци, била забележана загуба од повеќе од 45 милиони долари во продажба на билети.

Оттаму соопштуваат дека музејот можеби ќе продолжи да работи со намалена посета во наредните неколку години, додека светот да се прилагоди на вирусот.

Најскапата слика во светот „Мона Лиза“ ќе биде изложана за посетителите, додека една третина од галериите ќе останат затворени, поради неможност во нив да се практикува социјално дистанцирање.

Сепак, нема да бидат дозволени селфија пред уметничкото дело на Леонардо да Винчи.

Музејот се надева дека ќе има повеќе француски посетители, со цел да се направи баланс, поради намалениот број на странски туристи.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG