Линкови за пристапност

Идентификувани напаѓачите во Париз


Полицијата ги идентификувала тројцата осомничени лица, учесници во масовното убиство во канцелариите на весникот Шарли Ебдо

Француските власти соопштија дека полицијата ги идентификувала тројцата осомничени лица, учесници во масовното убиство во канцелариите на весникот Шарли Ебдо во Париз.

Според надлежните органи, двајцата од наводните напаѓачи се браќа и француски државјани, на 34 и 32-годишна возраст. Третиот осомничен е 18-годишен студент. Се` уште не е позната неговата националност.

Тројцата наводно усмртиле 12 лица во канцелариите на неделниот сатиричен весник Шарли Ебдо, познат по карикатурите на кои повремено се исмејувал муслиманскиот екстремизам. Напаѓачите упаднале во зградата за време на уредничкиот состанок на редакцијата. Според изјави на сведоци, маскирани вооружени лица, додека влегувале во просториите, извикувале – Господ е голем – на арапски, но и дека зборувале одличен француски.

XS
SM
MD
LG