Милиони Американци може да ја доведат во ризик сопствената пензија поради огромните трошоци за нивните деца.
„Родителството е животна финансиска заложба“, велат банкарите, објаснувајќи дека родителите трошат двапати повеќе на нивните полнолетни деца, отколку што штедат пари во пензиски фондови.
Околу 79 отсто од родителите им даваат парична помош на децата за животни трошоци, како кирија, храна и сметки за телефон, се вели во неодамнешното истражување на „Бенк оф Америка“.
Според истражувањето, вкупната сума што родителите ја трошат годишно за ваквите намени изнесува 500 милијарди долари.
Оваа сума не ги вклучува парите за свадби и купување домови. Околу шест од десет родители има помагаат на децата за свадби, додека една четвртина има помага на децата да купат куќа.
„И покрај добрата намера, родителите ги ризикуваат нивните пензиски фондови, што пак го зголемува ризикот потоа тие да станат финансиски зависни од децата“, се вели во истражувањето.
Повеќето родители или 82 проценти од нив велат дека би сакале да преземат голем финансиски ризик за нивното поколение.
Азијатите, Афроамериканците и Латиноамериканците многу веројатно би ја ризикувале финансиската сигурност за нивните деца.
Сепак, истражувањето покажува дека половина од родителите жалат оти не воспоставиле јасни граници за помошта која треба да им ја пружат на нивните деца.
Економистите сметаат дека освен што треба да претставуваат пример за децата, родителите треба и да ги едуцираат за важни лични финансиски трошоци на која било возраст.
Facebook Forum