Линкови за пристапност

Рајски документи: Секретарот за трговија на САД имал бизнис-врски со Русија


Во документи кои протекоа од адвокатска фирма во Бермуда се наведува дека Вилбур Рос има значајни деловни врски со руски олигарх

Секретарот за трговија на САД, Вилбур Рос имал заеднички бизнис со руски олигарх и зет на претседателот Владимир Путин, врски во компанија за транспорт и покрај американските санкции, се вели во документи кои протекоа неодамна.

Според неговата претходна пријава направена пред владиното тело за етика, Рос имал инвестиција од 2 до 10 милиони американски долари во „Навигатор Холдингс“.

Рос не откри постоење на руска бизнис-врска кога беше потврден на функцијата од Сенатот. Но, во повеќето од 7 милиони т.н. наречени „Рајски документи“, кои протекоа од адвокатската фирма „Еплбај“ (Appleby) со седиште во Бермуда која нуди услуги на финансиската елита која се обидува да избегне плаќање на милијарди долари во даноци.

Објавувањето на финансиските интереси на Рос во Русија доаѓа во време кога специјален обвинител и три конгресни комисии го истражуваат руското мешање во претседателските избори во САД.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG