Одделот за одбрана на САД вели дека воената парада за која се залагаше претседателот Трамп, е одложена барем до следната година.
Првичниот план беше парадата да се одржи во ноември, оваа година.
Ваквата најава доаѓа по проценката на медиумите, дека трошоците за одржување на парадата би се движеле од 12 до 92 милиони долари.
Вчера американскиот секретар за одбрана, Џим Матис пред новинарите изјави дека се сомнева во тие проценки.
Воени паради во САД не се одржуваат често.
Инспирација за таква парада претседателот добил при посетата на Франција минатата година, кога заедно со првата дама Меланија Трамп присуствуваа на „Денот на Бастилја“ во Париз на 14-ти јули, како гости на францускиот претседател Емануел Макрон и неговата сопруга Брижит.
Facebook Forum