Линкови за пристапност

Парада на гордоста во Скопје: Упатени барања за слободен избор на родот во матичните книги


Неколку илјади граѓани учествуваа на третата Парада на гордоста во Скопје
Неколку илјади граѓани учествуваа на третата Парада на гордоста во Скопје

Македонија има обврска до крајот на 2022 година да обезбеди правна процедура во која ќе има правно признавање на родот, вели Кочо Андоновски, од ЛГБТИ Центарот за поддршка

Право за слободен избор на родот во матичните книги за трансродовите лица, беше едно од барањата што беа упатени од Парадата на гордоста што денеска по третпат се одржа во Скопје. Годинашниот собир се одржа под мотото „Излези за љубов, достоинство, еднаквост, правда“, а учествуваа неколку илјади припадници на ЛГБТИ заедницата и бројни нивни поддржувачи.

Парада на гордоста во Скопје - упатени барања за почитување на различностите
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:21 0:00

„Тука сме за сите наши блиски и далечни, за сите наши познати и непознати, коишто биле избркани од дома зашто се геј, коишто биле избркани од работа зашто се ‘транс’, и коишто физички и психички се малтретирани, зашто не влегуваат во тесните рамки на она што некој го нарекува нормално“, рече Ева Цветковска од Универзитетското студентско собрание.

Како главно барање, покрај потребата за еднаквост во општеството, беше истакната и потреба за овозможување слободно правно запишување на родот.

Македонија има обврска до крајот на 2022 година да обезбеди правна процедура во која ќе има правно признавање на родот
Кочо Андоновски, ЛГБТИ Центар за поддршка

„Тоа што за нас во моментов е најжешко прашање е правното признавање на родот, зашто имаме и пресуда во Судот за човекови права во Стразбур. Македонија има обврска до крајот на 2022 година да обезбеди правна процедура во која ќе има правно признавање на родот. Обезбедувањето на правата на една група луѓе, не значи одземање на прават на другите“, рече Кочо Андоновски, од ЛГБТИ Центарот за поддршка.

Поддршка на парадата и годинава дадоа претставници од Владата, меѓу кои и министерката за труд и социјала, Јованка Тренчевска и вицепремиерот Бојан Маричиќ, како и пратенички од актуелниот собраниски состав.

Пратеничката од ЛДП, Моника Зајкова, повика да се дадат поголеми права за лицата во истополови заедници.

Да одиме чекор понатаму и да размислуваме за давање исти права и на оние коишто живеат во истополови партнерства
Моника Зајкова, пратеничка

„Ќе ги повикам моите колеги во Собранието да се одважат, да го ставиме на дневен ред Законот за матична евиденција со којшто ќе ги регулираме назнаките на трансродовите лица. Но, и да одиме чекор понатаму и да размислуваме за давање исти права и на оние коишто живеат во истополови партнерства“, рече Зајкова.

Меѓу бројните поддржувачи беа и претставници од странските амбасади и дипломатски мисии во земјава. Парадата почна од паркот „Жена борец“, по што поворката продолжи низ центарот на Скопје и покрај Владата, а крајната дестинација беше стадионот на АРМ во Градскиот парк. Беше видливо и засилено полициско обезбедување покрај поворката.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG