Папата Фрањо има респираторна инфекција и ќе треба да помине неколку дена во болница на лекување, се вели во соопштението на Ватикан.
Во соопштението се вели дека папата бил однесен во болница откако се пожалил на тешкотии со дишењето во изминатите неколку дена. Се додава дека тестовите покажале дека тој имал инфекцијата, но не ковид-19.
Ватикан првично соопшти дека папата отишол во болница на закажан преглед, но италијанските медиуми објавија дека тој пристигнал со брза помош откако го откажал телевизиското интервју во последен момент.
Извор: Ројтерс