Линкови за пристапност

Папата ги повика државите да ги надминат поделбите во божиќното обраќање


Оваа фотографија направена и објавена на 25 декември 2024 година од ватиканските медиуми го прикажува папата Фрањо за време на божиќните прослави на плоштадот Свети Петар
Оваа фотографија направена и објавена на 25 декември 2024 година од ватиканските медиуми го прикажува папата Фрањо за време на божиќните прослави на плоштадот Свети Петар

Папата Фрањо во својата традиционална божиќна порака денес ги повика сите држави да најдат храброст „да ги замолчат звуците на оружјето и да ги надминат поделбите“ што го мачат светот, од Блискиот Исток до Украина, од Африка до Азија.

„Го поканувам секој поединец и сите луѓе од сите нации... да станат аџии на надежта, да ги замолчат звуците на оружјето и да ги надминат поделбите“, рече папата.

Тој повика на замолчување на оружјето во Украина и на Блискиот Исток, издвојувајќи ги христијанските заедници во Израел и на палестинските територии, „особено во Газа каде што хуманитарната ситуација е исклучително тешка“, како и Либан и Сирија „во ова најделикатно време“.

Папата ги повтори своите повици за ослободување на заложниците земени од Израел од страна на Хамас на 7 октомври 2023 година. Тој ја наведе смртоносната епидемија на сипаници во Демократска Република Конго и страдањето на народот на Мјанмар, принуден да го напушти својот дом поради тековната војна.

Папата, исто така, се сети на децата кои страдаат од војна и глад, постарите кои живеат во осаменост, оние кои бегаат од своите татковини, кои останале без работа и се прогонувани поради својата вера.

XS
SM
MD
LG