Линкови за пристапност

Папата Фрањо на антибиотици - има проблеми со белите дробови


Папата Фрањо забележан како се искашлува на голем екран за време на пладневната молитва Ангел Господов, од капелата на хотелот на теренот во Ватикан каде што живее, 26 ноември 2023 година.
Папата Фрањо забележан како се искашлува на голем екран за време на пладневната молитва Ангел Господов, од капелата на хотелот на теренот во Ватикан каде што живее, 26 ноември 2023 година.

Ватикан соопшти дека папата Фрањо ќе одложи неколку состаноци бидејќи се лечи од воспаление на белите дробиви. Тој, велат, нема пневмонија или треска.

РИМ – Папата Фрањо добива антибиотици за лекување на воспаление на белите дробови и ќе намали неколку состаноци, но тој нема пневмонија или треска, соопшти Ватикан.

Самиот Фрањо вчера откри дека страда од проблем со воспаление, објаснувајќи зошто не го одржал неделниот состанок за да ги поздрави луѓето на плоштадот Свети Петар. Наместо тоа, тој го даде својот благослов од капелата на хотелот на теренот во Ватикан каде што живее.

Директорот на прес-службата на Ватикан, Матео Бруни, во писмена изјава во наведен дека воспалението предизвикува одредени респираторни тешкотии кај Фрањо, чиј 87-ми роденден е наредниот месец.

„Состојбата на папата е добра, тој нема треска, а респираторната ситуација е во видно подобрување“, рече Бруни.

За да закрепне папата, „некои важни обврски што се очекуваат за следните денови се одложени за да може да го посвети времето и посакуваната енергија“ на неговото закрепнување, рече портпаролот.

Одржани се други состаноци, „од институционален карактер или полесни за одржување со оглед на сегашните здравствени состојби“, додаде Бруни.

Портпаролот не кажа кои состаноци се одложуваат.

XS
SM
MD
LG