Папата Фрањо (86) ќе има операција на абдоменот денес попладне, се вели во соопштението на Ватикан. Во него се додава дека неговиот медицински тим во последните денови одлучил дека е потребна операција и дека се очекува тој да остане во болница „неколку дена“ за да закрепне.
Ќе му биде опериран абдоминалниот ѕид под општа анестезија, соопшти Ватикан.
Папата требаше да биде однесен во болница по неговата неделна аудиенција во Ватикан во средата наутро, каде што не ја спомна планираната операција. Тој помина 40 минути на преглед во болница вчера.
Папата често користи инвалидска количка или бастун за да оди поради постојаните болки во колената. Во јули 2021 година, му беше отстранет дел од дебелото црево.
Тој минатата година рече дека не сака да го оперира коленото бидејќи општата анестезија за операцијата на дебелото црево предизвикала непријатни несакани ефекти
Извор: Ројтерс