Линкови за пристапност

Жени на борбени позиции


Пентагон ја крева забраната што ги држеше жените подалеку од борбена служба во армијата.

Шефот на Пентагон Леон Панета во четврток објави дека од сега на жените ќе им биде дозволено да служат во борбени армиски единици.

Панета наводно сакал ова да го стори откако станал шеф на одбраната во 2011. Тој веќе отвори 50.000 армиски работни места за жените во последниве две години.

Панета ќе им даде на армиските раководители до мај да направат планови за имплементирање на новата политика, што ќе отвори илјадници позиции на фронтални борбени линии за жени во сите родови на американската армија – копнени трупи, морнарица, воздухопловство, Маринци и Крајбрежна стража.

Во армијата, служење на борбени позиции останува клуч за напредување во кариерата. Жените долго бараа признавање на ова поле, тврдејќи дека армијата неоправдано ги држи назад.

Жените и натаму може да бидат исклучени од некои борбени работни места во иднина и ќе треба да одговорат на критериумите за физичка подготвеност. Претставник на Пентагон вели дека шефовите на американските армиски служби ќе имаат три години за проучување на прашањето.
XS
SM
MD
LG