Американскиот Секретар за одбрана Леон Панета предупреди дека скратувања во буџетот за национална одбрана може негативно да се одрази на способноста армиските служби да се модернизираат.
Панета зборуваше во среда во Вашингтон пред Асоцијацијата на американската армија, група што работи во интерес на војниците. Тој кажа дека буџетските намалувања ќе резултираат во помала армиска сила. Тој предупреди дека САД не смеат да ги повторат грешките од минатото и да дозволат да се создаде слаба армија.
Тој забележа дека Одделот за одбрана се очекува да ги редуцира проектираните трошоци за повеќе од 450 милијарди долари во текот на следната деценија. Тој кажа дека армиските сили мора да останат способни да се соочат со голем број закани, од кибернетски тероризам до голема копнена војна.
Тој рече дека во текот на изминатите десет години на војна, вооружените сили на САД станале најискусна и целосно волонтерска сила во американската историја.