Линкови за пристапност

Кенискиот претседател меѓу светските лидери за кои се вели дека сокриле милијарди долари на тајни офшор сметки


Меѓу познатите чии финансиски конструкции наводно се разоткриени се спомнуваат и поранешниот британски премиер Тони Блер, рускиот претседател Владимир Путин и кралот на Јордан

Милиони документи доставени до новинари откриваат како светските лидери, милијардери и познати личности ги користат даночните оази.

Новинарската истрага наречена „Пандора документи“ открила дека повеќе од 330 сегашни и поранешни државници и моќни милијардери се поврзани со ваквиот скандал.

Меѓу познатите чии финансиски конструкции наводно се разоткриени се спомнуваат поранешниот британски премиер Тони Блер, рускиот претседател Владимир Путин, кралот на Јордан и кенискиот претседател Ухуру Кенијата.

Кенискиот претседател Ухуру Кенијата и неговото семејство се меѓу светските лидери за кои се вели дека сокриле милијарди долари на тајни офшор сметки.

Записите добиени од Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари покажуваат дека семејството Кенијата има богатство од половина милијарда долари врзано во најмалку седум фондации во различни земји, вклучувајќи ги и Панама и Британските Острови.

Банкарските сметки на офшор локации често се користат за тајно преместување огромни суми пари и прикривање на вистинските средства.

Списанието Форбс го рангираше Кенијата како најбогата личност во Кенија и 26-ти најбогат човек во Африка во 2011-та година, две години пред да биде избран за претседател.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG