Претставници на институцијата Смитсониан велат дека две недели старата панда во Националната зоолошка градина е женско. Тие исто така објавија дека татко на бебето-панда е Тиан Тиан.
Пандата мајка, Меи Шиенг, била вештачки оплодена со сперма од Тиен Тиен и од пандата од Сан Диего Гао Гао. Примерок од ДНК бил земен за да се одреди таткото на мечето.
Вработените во зоолошката градина велат дека мајката и бебето се здрави и младенчето почнува да развива препознатливи темни белези на нејзиното крзно околу очите, ушите и грбот.
Кина е сопственик на ретките панди во Националната зоолошка градина. Мечето се очекува да остане во зоолошката градина околу четири години и потоа најверојатно ќе биде вратено во Кина.
Другото преживеано младенче на Меи Шиенг, машка панда именувана Таи Шан, беше родено во 2005 и во Кина беше вратено во 2010.
Пандите се редок вид познат по тежината да се размножат и продуцираат млади.