Линкови за пристапност

Панама ќе формира независна комисија по скандалот со офшор компаниите


Според панамскиот претседател, во неа би имало домашни и меѓународни експерти да ја евалуираат актуелната пракса во Панама и да предложат мерки за зајакнување на транспаретноста на финансиските и правни системи.

Претседателот на Панама, Хуан Карлос Варела вели дека панамската влада ќе формира независна комисија да ја разгледа финансиската политика на земјата, по скандалот „Документите на Панама“.

Варела истакна дека во комисијата би имало домашни и меѓународни експерти да ја евалуираат актуелната пракса во Панама и да предложат мерки за зајакнување на транспаретноста на финансиските и правни системи.

Рамон Фонсека, еден од основачите на истоимената адвокатската фирма, изјави дека хакерскиот напад, по што протекоа информациите за офшор компании на познати лица и политичари, бил извршен од странство, но не обелодени од која земја конкретно.

XS
SM
MD
LG