Линкови за пристапност

Куба вели дека се нејзини запленетите ракетни делови


Кубанското министерство за надворешни работи призна дека севернокорејскиот брод запрен во Панамскиот канал носел пратка од Куба

Куба вели дека таканаречените „застарени“ делови за ракетно оружје вклучува батерии за против-воздушни проектили, разградени ракети, и друга армиска опрема што била испратена во Северна Кореја за поправка.

Панамските власти го запреле бродот под сомнение дека носи дрога. Наместо тоа нашле, како што велат, „софистицирана опрема за проектил“ скриена во пратка на шеќер.

Официјални лица велат дека капетанот на бродот се обидел да се самоубие и неговиот 35-член екипаж бил приведен откако одбил да соработува. Може да се потребни денови панамските власти да го испитаат оружјето.

Случајот би можел да биде предаден на ОН за да биде испитан од нивни инспектори дали пратката ги прекршува санкциите кои забрануваат Северна Кореја да купува или продава балистички проектили или нуклеарна технологија.
XS
SM
MD
LG