Линкови за пристапност

САД „силно ја поддржуваат“ инспекцијата на севернокорејскиот брод


САД велат дека се подготвени да соработуваат со Панама, доколку централноамериканската држава побара помош

САД велат дека се подготвени да соработуваат со Панама, доколку централноамериканската држава побара помош во врска со бродот под севернокорејско знаме кој бил запрен додека минувал низ Панамскиот Канал со делови наводно за ракета.

Портпаролот на американскиот Стејт департмент Патрик Вентрел вели дека САД „силно ја поддржуваат“ суверената одлука на Панама за проверка на бродот.

Претседателот на Панама Рикардо Мартинели кажа дека доцна во понеделникот властите го запреле бродот под сомнение дека носи дрога, но наместо тоа нашле, како што веруваат, „софистицирана опрема за проектил“. Мартинели кажа дека бродот доаѓал од Куба.

Тој не елаборираше за количината или за типот на деловите, но објавената слика на Твитер покажува зелен објект во форма на цевка во контејнер за шеќер.

Претседателот Мартинели подоцна за панамските медиуми кажа дека капетанот на бродот се обидел да се самоубие и 35-члениот екипаж бил приведен со бродот за натамошна истрага.
XS
SM
MD
LG