Претседателот на Панама, Хуан Карлос Варела е од оние коишто јавно ја поттикнува транспарентноста, велејќи дека владата поздравува каква и да било истрага што ќе го заштити финансискиот систем од злоупотреба.
Анонимен извор обезбеди 11,5 милиони документи од адвокатската фирма Мосак Фонсека и ги доставил до Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари со седиште во Вашингтон.
Во извештајот на конзорциумот се вели дека во документите на адвокатската компанија се вклучени преку 500 банки каде се регистрирани 15.600 офшор компании.
Рамон Фонсека, еден од коосновачите на адвокатската компанија, остро негира дека фирмата прекршила какви било закони.
Во документите стои дека зад наводни нелегални зделки стојат 140 политичари и јавни лица ширум светот. Премиерот на Исланд, Дејвид Ганлугсон, заради тоа е под силен притисок да поднесе оставка, а за претседателот на Украина, Петро Порошенко, законодавците побараа парламентарна истрага по наводите.