Линкови за пристапност

Обелоденети информации за офшор финансиски зделки во Панама на богати и познати лица


Во скандалот поврзан со адвокатската компанија Мосак Фонсека во Панама, се вклучени и лидери на држави.

Голем скандал во светот предизвика работата на тим истражувачки новинари на протечени документи од адвокатската фирма во Панама. Објавени се дел од информациите за офшор финансиски зделки на богати и познати лица, луѓе со политички врски, како и лидери на држави. Еве што до сега се знае.

Францускиот претседател Франсоа Оланд изјави дека Франција ќе почне истрага за затајувачите на даноци преку офшор компании со седиште во Панама, каде го криеле својот имот. Има информации дека бројни светски имиња, вклучувајќи политичари, актери, спортисти биле вклучени во перење на пари.

Во скандалот поврзан со адвокатската компанија Мосак Фонсека во Панама, се вклучени и лидери на држави.

Имено, анонимен извор обезбедил 11.5 милиони документи од адвокатската компанија и ги доставил до Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари со седиште во Вашингтон.

Владата на Британија денеска побара копија од Документите Панама, за да може да спроведе сопствена истрага, јавува Ројтерс.

Рамон Фонсека, еден од основачите на адвокатската компанија, за Француската новинска агенција изјави дека протечените информации до новинарите претставува кривично дело.

Покрај наводни информации за тајни сметки на рускиот претседател Владимир Путин, Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари открива активности на 140 политичари и јавни личности од светот, вклучувајќи 12 актуелни и поранешни светски лидери. Меѓу нив, премиерите на Исланд и Пакистан, претседателите на Украина и Аргентина, како и кралот на Саудиска Арабија.

Воедно, тука се и имињата на најмалку 33 лица и компании коишто се наоѓаат на црната листа на американската влада, заради постоење докази за нелегални активности, како деловни зделки со шверцери на дрога од Мексико, терористички организации како Хезбола или непринципиелни земји како Северна Кореја и Иран.

XS
SM
MD
LG