Линкови за пристапност

И американски компании нудат помош за Северна Македонија во борбата со КОВИД-19, рече Палмер


Метју Палмер, специјален претставник на Стејт департмент за Западен Балкан за помошта спрема Северна Македонија во време на коронавирус
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:25 0:00

Метју Палмер, специјален претставник на Стејт департмент за Западен Балкан за помошта спрема Северна Македонија во време на коронавирус

Убеден сум дека САД ќе продолжат да обезбедуваат финансиска помош и асистенција за нашите пријатели, изјави специјалниот претставник на Стејт департмент за Западен Балкан

И американски компании ѝ нудат помош на Северна Македонија во справување со КОВИД-19, покрај финансиската помош од САД, која верувам дека досега изнесува околу 1, 2 милиони долари, изјави Метју Палмер, специјален претставник на Стејт департмент за Западен Балкан, во интервју за Српската редакција на Гласот на Америка.

„Кока Кола, Мајкрософт и многу други американски компании кои имаат бизнис на Балканот, излегуваат со нивен придонес“, рече Палмер.

Тој, исто така, додаде дека Американската комора за трговија работи да го координира одговорот, и да обезбеди различни извори на асистенција.

„Убеден сум дека САД ќе продолжат да обезбедуваат финансиска помош и асистенција за нашите пријатели, партнери и сојузници, со цел заедно да го поминеме ова, и да излеземе посилни“, рече Палмер.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG