Линкови за пристапност

САД очекуваат влада која ќе ја води Северна Македонија напред кон ЕУ, порача Палмер


Независно од тоа каква влада ќе се направи при коалицирањето, очекуваме да работи на унапредување на мирот и просперитетот на сите граѓани, рече тој

САД очекуваат добар и силен партнер во новата влада на Северна Македонија, рече специјалниот претставник на Стејт департмент за Западен Балкан Метју Палмер, кој учествуваше на виртуелен брифинг на „Балкан инсајдер“ во Вашингтон.

„Сега е период на преговарње за формирање коалиција, што е природен процес во демократските парламентарни системи. Од перспектива на САД, она што е важно и што сакаме да го истакнеме, е дека очекуваме добар и силен партнер во владата на Северна Македонија, влада која е посветена максимално да го искористи членството во НАТО, влада која е посветена да ја води државата напред на патот кон Европската Унија“, рече Палмер, додавајќи дека САД очекуваат новата влада да биде посветена и на имплементирање на Договорот од Преспа.

„Влада која ќе работи да го унапреди мирот и просперитетот на сите граѓани на Северна Македонија“, рече тој.

Палмер нагласи дека независно од тоа каква влада ќе излезе од моменталното коалицирање на политичките актери, ќе може да најде силен и натамошен партнер во САД, доколку биде посветена на исполнување на овие цели.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG