Линкови за пристапност

Палестинска организација тврди: Рапидно зголемена поддршката за Хамас на Западниот брег


Israeli troops gather at the entrance of the Tulkarem refugee camp in Tulkarem, in the occupied West Bank, on January 17, 2024 during a military operation. (Photo by Zain JAAFAR / AFP)
Israeli troops gather at the entrance of the Tulkarem refugee camp in Tulkarem, in the occupied West Bank, on January 17, 2024 during a military operation. (Photo by Zain JAAFAR / AFP)

Поддршката за Хамас на Западниот брег се зголемила од 12% пред 7 октомври на 42% во декември, според анкетата на Палестинскиот центар за истражување на политики и анкети. Вооружени напаѓачи испратени од Хамас, убија повеќе од 1.200 луѓе во Израел.

Постери на локалниот тинејџер Хамад Џибрил Рамана - кој беше убиен од израелските сили во септември - може да се видат на ѕидовите низ целиот бегалски камп Амари на Западниот Брег. Тие почнаа да се појавуваат по неговата смрт.

Локалните жители велат дека Хамас ги испечатил плакатите за да добие поддршка на Западниот Брег покажувајќи сочувство за неговата смрт. Тој беше гласен поддржувач на Хамас и, според израелските одбранбени сили бил застрелан фрлајќи молотов коктел.

Таткото на Рамана, Џибрил Абдул Рахман Муса, вели дека тагувал за смртта на неговиот син кога израелските сили упаднале во неговата куќа и го уапсиле неговиот друг син, Јахија, на 13 декември.

Тензични состојби на Западниот брег поради судирот Израел - Хамас
please wait

No media source currently available

0:00 0:04:31 0:00

„Слушнав тропање на вратата и ја отворив, мислејќи дека е Јахија, но Израелците беа таму со своите пиштоли и ми наредија да се повлечам. Им реков дека не се движам затоа што сакам да го видам син ми. Но, тој се закани дека ќе ме застрела. Не се плашев. Потоа ми удри шлаканица по лицето и ме турна назад внатре“, вели Рахман Муса.

Тој вели дека му го одвеле синот и оттогаш се нема чуено со него, без објаснување зошто е одведен. На прашањето зошто е уапсен, претставниците на израелската армија го упатија Гласот на Америка до израелските разузнавачки служби кои не одговорија на барањата за коментар.

Од 7-ми октомври, израелските власти велат дека усвоиле пристап на нулта толеранција за поддршка на тероризмот. Некои од нив се уапсени поради објави на социјалните мрежи кои покажуваат сочувство со групите на отпорот.

Зголемената поддршка за Хамас најмногу се должи на фактот што за прв пат по некое време дојде до промена на статус кво
Лиор Стернефелд, Универзитет на Пенсилванија

Изразувањето поддршка за одредени терористички групи како Хамас може да доведе до притвор без судење за Палестинците. Но, Муса вели дека со заминувањето на неговите синови, повеќе не му е грижа. Тој отворено зборува за својата поддршка за групата и другите кои се спротивставуваат на израелската окупација.

Повеќето овде се помалку гласни, но поддршката за Хамас се зголеми од 12% пред 7 октомври на 42% во декември, според анкетата на Палестинскиот центар за истражување на политики и анкети, тинк-тенк кој често објавува анкети кои покажуваат намалена поддршка за палестинската управа и привлече критики од палестинското раководство.

Претставници на медиумите, аналитичари и жители на Западниот Брег за Гласот на Америка изјавија дека се согласуваат дека има голем скок во поддршката.

„Зголемената поддршка за Хамас најмногу се должи на фактот што за прв пат по некое време дојде до промена на статус кво“, вели Лиор Стернефелд од Универзитетот на Пенсилванија.

Said, a 23-year-old Palestinian militant from the "Tulkarm Brigade", sits with his weapon at the Nur Shams camp for Palestinian refugees, where Israeli raids have been conducted, near the occupied West Bank city of Tulkarm on January 8, 2024.
Said, a 23-year-old Palestinian militant from the "Tulkarm Brigade", sits with his weapon at the Nur Shams camp for Palestinian refugees, where Israeli raids have been conducted, near the occupied West Bank city of Tulkarm on January 8, 2024.

Многу Палестинци велат дека Палестинската управа - која беше создадена во 1994 година според Договорот од Осло и сега управува со голем дел од Западниот Брег - не успеала да донесе решение за конфликтот додека станува се поавтократска. Истата анкета вели дека 90 отсто од Западниот Брег сега мислат дека неговиот претседател Махмуд Абас треба да поднесе оставка.

„Се надеваме дека војната ќе престане во Газа и ќе имаме избори за промена на раководството на Палестинската управа. Има добри луѓе во Палестинската управа, но тие не се активни“, вели Ашраф, поддржувач на палестинските власти.

Анкетата сугерира дека многумина сега го поддржуваат Хамас, чии документи за основање некогаш бараа уништување на Израел и нејзиниот помилитантен пристап кон решавање на конфликтот, пред палестинската управа и нејзината перцепирана неактивност.

Истражувањето покажа дека од 7 октомври, 70 отсто од Палестинците анкетирани на Западниот Брег велат дека сега ја поддржуваат вооружената борба против Израел.

„Сето ова израелско насилство ги наведува луѓето сериозно да размислуваат како да се ослободат од израелската окупација, што е невозможно. Така, тоа ги наведува луѓето да го следат секое движење што се спротивставува на израелската окупација, било Хамас или други“, смета Лијад Баргоути од Арапската мрежа за толеранција.

Вооружени напаѓачи испратени од Хамас, која САД и другите земји ја сметаат за терористичка организација, убија повеќе од 1.200 луѓе кога ги нападнаа заедниците во Израел на 7-ми октомври, предизвикувајќи го тековниот конфликт.

XS
SM
MD
LG