Линкови за пристапност

Нов напад во близина на пакистанскиот аеродром во Карачи


Напаѓачите избегале откако обезбедувањето возвратило, а нападот дојде по неделниот, кој остави најмалку 35 мртви

Пакистански официјални лица велат дека двајца вооружени лица на моторцикл отвориле оган во близина на меѓународниот аеродром на Карачи, два дена по нападот на аеродромот што остави најмалку 35 мртви.

Вооружените лица целеле на академијата за обука на силите за обезбедување на аеродромот, но тие велат дека тие избегале откако безбедносните сили возвратиле.

Пакистански Талибан ја презеде одговорноста за нападот што ги принудиле официјалните лица на кратко да го затворат аеродромот како што сториле и по неделниот напад.

Милитантната група исто така ја презеде одговорноста за нападот од неделата.

Во вторник, министерот за внатрешни работи Насир Али Кан кажа дека напаѓачите во неделата носеле покрај оружјето и голема количина на храна и лекови, што индицира дека планирале да креираат ситуација со заложници.

Во друг развој, пакистанската армија извела серија воздушни напади во вторник на осомничени милитантни цели во северозападниот регион Кибер.
XS
SM
MD
LG