Линкови за пристапност

Исламабад оптимист за односите со Вашингтон


Аналитичарите скептични

Во претходните осум години, сомнежот и недовербата дополнително ги искомплицираа односите на САД и Пакистан. Сепак, официјален Исламабад е оптимистичен за воспоставувањето на посуштински односи со новата администрација на претседателот Доналд Трамп.

Администрацијата на претседателот Обама даде милијарди долари во економска и воена помош за Пакистан, заради соработката на Исламабад во враќањето на безбедноста во регионите кои граничат со Авганистан.

Но, постојаните извештаи дека милитантните групи кои се борат во Авганистан и Индија продолжуваат да спроведуваат операции од Пакистан и не преземањето на мерки против нив ги залади односите со Вашингтон.

Наводното брзо зголемување на нуклеарните капацитети на Пакистан исто така го поткопува развојот на билатералните врски.

Пакистан се жали дека нејасната политика на Обама спрема Авганистан, благонаклоноста на САД во развојот на нуклеарните и одбранбените капацитети на Индија и игнорирањето на загриженоста на Исламабад за овие настани му наштетуваат на стратегискиот баланс во Јужна Азија.

Сепак, Пакистан чувствува дека можноста за билатерална соработка во постигнување на заедничките цели сега е поголема отколку пред 8 години, вели Сартај Азиз, главен политички советник на премиерот на Пакистан, Наваз Шариф.

Оптимизмот на Азис доаѓа по „љубезниот и корисен“ телефонски разговор кој Шариф го имал со новоизбраниот претседател Трамп на крајот на ноември.

Номинацијата на Трамп за секретар за одбрана, Џејмс Матис на сенатски распит порано месецов повика на „интензивирање“ на соработката со Пакистан, кој е критичен за американските национални интереси. Тој на неколкупати ја потенцираше потребата Пакистан да ги неутрализира милитантите групи. Матис сепак ја истакна пакистанската борба со тероризмот.

Азис вели дека коментарите на Матис се добредојдени, велејќи дека пакистанските сили ги расформирале базите на милитантите на нивна територија, со тоа отстранувајќи голема пречка за односите и поставувајќи добра основа за конструктивна соработка со Трамп.

Но, тој предупреди на пакистанската загриженост за американската воена и нуклеарна соработка со Индија.

Без разлика на оптимизмот околу воспоставувањето на добри работни односи со новата администрација, критичарите се скептични за тоа каков ќе биде пристапот на Трамп по комплексните билатерални прашања, затоа што за време на кампањата тој не зборуваше за овие прашања.

Поранешниот помошник државен секретар во Стејт департментот, Роби Рафаел кажа дека за администрацијата на Трамп е важно да остане инволвирана со Пакистан. Тој мисли дека најверојатно сценарио едека новата администрација треба да ги преразгледа и да ги зацврсти позициите за користењето на Пакистан како безбедна зона од страна на Талебан.

Поранешната советничка во Стејт департментот, Лиса Куртис вели дека справувањето со Талебан и терористичката мрежа Хакани се клучни за постигнување на американските цели во борбата со тероризмот.

„Но секако не` е во американски интерес Пакистан да постане непријател.“ додава таа.

Поранешниот гувернер на Централната банка на Пакистан, Ишрат Хусеин предупреди дека дијалогот меѓу двете земји ќе се закочи, ако тероризмот и нуклеарното оружје останат да бидат американски фокус.

Аналитичарите велат дека САД ќе треба да развијат јасна политика за намалување на тензијата меѓу Индија и Пакистан. Сепак тие се согласки дека идиско –пакистанскиот конфликт никогаш не бил приоритет за американската надворешна политика, и најверојатно нема да биде приорите ни на администрацијата на Трамп.

XS
SM
MD
LG