Линкови за пристапност

Заложничкото семејство се` чека да замине од Пакистан


По пет години заробени од талибанска група, американско-канадското семејството беше ослободено во средата

Американско-канадската двојка, и нивните три деца, утринава се` уште беа во Пакистан, во подготовки да се вратат дома, по пет години заложништво во Талибан.

Под водство на Американската разузнавачка заедница, пакистанските трупи ги спасија Кејтлин Колмен и нејзиниот канадски сопруг Џошуа Бојл во средата, во близина на границата со Авганистан.

Американски авион е подготвен да го однесе семејството во американска воена база во Германија на лекарска проверка, но, медиумите известуваат дека Бојл одбивал да се качи во авионот, од се` уште непознати причини.

Колмен и Бојл се водат за исчезнати од 2012-та година, додека биле на планинарење во Авганистан.

Авганистанските талибанци подоцна презедоа одговорност за нивно киднапирање.

Додека биле во заложништво, двојката добила три деца, кои исто така се спасени.

Претседателот Доналд Трамп го поздрави ослободувањето на семејството во заложништво на мрежата Хакани- терористичка организација поврзана со Талибан.

Трамп рече дека овој настан е позитивен момент во американско-пакистанските односи.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG