САД ја прекинаа помошта за пакистанската армија, додека не преземе „решителна акција“ против авганистанскиот Талебан и мрежата Хакани.
Портпаролката на Стејт департментот, рече дека владата во Пакистан е дестабилизатор во регионот.
„Потребен ни` е Пакистан како држава која нема да дозволи безбедно засолниште за терористите и милитантите кои ги загрозуваат интересите на САД. Ние сме подготвени да соработуваме со Пакистан во борбата против сите терористи, и се надеваме дека ќе можеме да ги обновиме и продлабочиме нашите билатерални безбедносни односи, кога Пакистан ќе покаже подготвеност за агресивно соочување со авганистанските Талебанци, мрежата Хакани и други терористи и милитантните организации“, рече Хедер Нуерт, портпаролката на Стејт департментот.
Таа додаде дека САД нема да испорачаат воена опрема или средства во врска со безбедноста во Пакистан, освен ако тоа не е регулирано со закон.
Исламабад ги критикуваше забелешките како „потполно неразбирливи“ и го потврди ветувањето дека ќе работи со Вашингтон во борбата против тероризмот и за стабилизирање на Авганистан.
Пакистанските лидери инсистираат дека САД бараат „жртвено јагне“ за американските „неуспеси“ во Авганистан.
Facebook Forum