Линкови за пристапност

Мекмастер повика на справување со тероризмот во сите негови форми


Советникот за национална безбедност ја заврши посетата на Пакистан, а претходно одржа средби во Авганистан

Американскиот советник за национална безбедност Херберт Рејмонд Мекмастер ја заврши посетата на Пакистан каде се сретна со цивилни и воени претставници. По разговорите тој ја истакна „потребата од справување со тероризмот во сите негови форми“, воедно анализирајќи ги напорите за стабилизирање на Авганистан.

Мекмастер претходно беше во Кабул на средби со авганистанските лидери. Тој притоа направи проценка на ситуацијата што се однесува до антиретористичките мисии на американската армија во Авганистан.

Во изјава за локална телевизиска станица, Мекмастер се воздржа од коментар за тоа дали новата стратегија на администрацијата на претседателот Доналд Трамп ќе вклучи зајакнување на американското воено присуство во Авганистан.

Ова е прва посета Мекмастер на регионот откако стана советник за национална безбедност, и доаѓа во време на засилени повици од страна на воените команданти за додавање на „неколку илјади“ војници во Авганистан со цел надминување на „ќорсокакот“ во борбата со Талебан. Во земјата веќе се распоредени 8.400 американски војници.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG