Линкови за пристапност

Седумина загинати во хеликоптерска несреќа во Пакистан


Меѓу нив амбасадорите во Пакистан од Филипините и Норвешка и сопругите на амбасадорите од Малезија и Индонезија.

Во хелихоптерска нереќа во северен Пакистан беа убиени најмалку седум лица, вклучувајќи ги амбасадорите во Пакистан од Филипините и Норвешка и сопругите на амбасадорите во Малезија и Индонезија.

Официјални лица соопштија дека несреќата се случила во долината Налтар. Меѓу загинатите се и двајца пилоти и еден член на екипажот.

Портпаролот на армијата, генерал-мајорот Асим Баџвал изјави дека амбасадорите од Полска и Холандија биле меѓу преживеаните кои имаат претрпено повреди.

Талебан во Пакистан ја презеде одговорноста за нападот, велејќи дека целта бил премиерот Наваз Шариф.

Сепак, државната телевизија го цитира министерот за одбрана Каваџ Асиф, велејќи дека несреќата се случила заради технички проблеми и дека не се работи за терористички напад.

XS
SM
MD
LG