Линкови за пристапност

Пакистан: Нападнати американски конзуларни работници

Бомбаш самоубиец убил две лица и ранил 19 други во напад на возило на американскиот конзулат во северозападен Пакистан.

Бомбашкиот напад се случил кога возилото во понеделник минувало низ област каде биле сместени различни меѓународни организации, вклучувајќи ги ОН, во северозападниот град на Пешавар.

Американската амбасада во Исламабад вели дека двајца Американци и двајца пакистански работници во конзулатот се меѓу 19-те ранети лица во, како што се опишува, „очигледен терористистички напад“.

Претходно, пакистански официјални лица кажаа дека во експлозијата биле убиени двајца Американци, но конзулатот кажа дека тие претрпеле само повреди што не се смртоносни.

Полицијата вели дека возилото на бомбашот било натоварено со 110 килограми експлозив.

Никој не ја презеде одговорноста за нападот.
This item is part of
XS
SM
MD
LG