Линкови за пристапност

Преживеаните од пакистанските поплави ги преплавија засолништата


Преживеаните од пакистанските поплави ги преплавија засолништата
Преживеаните од пакистанските поплави ги преплавија засолништата

Локалните официјални лица велат дека широкораспространетата несреќа е предизвикана од еднонеделни монсунски дождови, со тоа што провинцијата Кибер Пактунква е најтешко погодена

Преживеаните од пакистанските поплави и во понеделник продалжија да се собираат во веќе претрпаните засолништа, додека Пакистан се опоравува од најголемите поплави што ја зафатиле државата со децении.

Во неделата бројот на жртви достигна 1.100 лица. Официјални претставници предупредија дека таа цифра може уште да расте.

Пакистанската армија распореди околу 30 илјади трупи кои спасија повеќе од 20 илјади луѓе.

Сепак, официјални лица велат дека илјадници селани сеуште чекаат да бидат спасени.

Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун кажа дека е „длабоко затечен“ од големиот губиток на пакистански животи, добиток и инфраструктура.

Проценка на ОН е дека еден милион луѓе во Пакистан бил опфатен со несреќата.

Локалните официјални лица велат дека широкораспространетата несреќа е предизвикана од еднонеделни монсунски дождови, со тоа што провинцијата Кибер Пактунква е најтешко погодена.

Властите стравуваат од избивање болести што се пренесуваат преку водата, како дијареа и колера.

Голем број држави и ОН ветија хуманитарна помош.

Во соседен Авганистан, поплавите убија над 60 лица.

Авганистанските и НАТО силите кажаа дека користеле хеликоптери за спасување и дистрибуирање помош за најтешко погодените региони во Авганистан, вклучувајќи ги источните провинции Кунар и Нангархар, што се граничат со Пакистан.

XS
SM
MD
LG