Адмиралот Мајк Мулен (командант на Здружениот генералштаб) вели дека не видел ништо спротивно на извештаите дека Исламабад одобрил тепање до смрт на пакистанскиот известувач Салеем Шахзад.
Неидентификуван портпарол на пакистанската влада на државната агенција Асошиејтед прес на Пакистан и` кажал дека изјавите на Мулен се „екстремно неодговорни“. Тој рече дека Пакистан воспоставил независно тело да изврши истрага за смртта на Шахзад.
Моќната пакистанска разузнавачка агенција ги отфрли обвиненијата за нејзина инволвираност како „неосновани“.
Шахзад, кој работеше за Asia Times Online со седиште во Хонг Конг, исчезна од пакистанскиот главен град Исламабад на 29 мај. Неговото тело е најдено во канал два дена подоцна со знаци тека бил изложен на тортура.
Пред неговата смрт, Шахзад истражуваше наводни врски меѓу пакистанската армија и исламистичките групи. Тој извести дека милитанти на Ал-Каида ја нападнале пакистанската морнаричка база откако пропаднале разговорите за ослободување на двајца морнарички офицери уапсени под сомнение дека биле поврзани со глобалната терористичка мрежа.
Мулен призна дека американските односи со Пакистан се „под исклучителен притисок“.
Тој кажа дека веќе и онака многу слабата врска на Вашингтон со Исламабад станала сериозно затегната кога силите за специјални операции на САД го убиле лидерот на ал-Каида Осама бин Ладен во упад на неговиот имот длабоко на пакистанска територија во мај.