Линкови за пристапност

САД ќе понудат поголема помош за Пакистан


САД ќе понудат поголема помош за Пакистан
САД ќе понудат поголема помош за Пакистан

Американската државна секретарка Хилари Клинтон ја соопшти повеќегодишната безбедносна помош во петокот, на последниот ден од тридневниот стратешки дијалог меѓу САД и Пакистан.

САД велат дека ќе побараат два билиони долари за дополнителна помош на Пакистан да се справи со милитантите по должина на границата со Авганистан.

Американската државна секретарка Хилари Клинтон ја соопшти повеќегодишната безбедносна помош во петокот, на последниот ден од тридневниот стратешки дијалог меѓу САД и Пакистан. Таа го пофали Пакистан за соработка со САД во борбата против тероризмот.

Пакистанскиот Министер за надворешни работи Шах Мехмуд Куреши вели дека САД и Пакистан изгубиле свои граѓани во тероризмот, и дека Пакистанците се соочени со закана од тероризам секој ден. Тој рече дека двете земји имаат заедничка цел да ги поразат терористите. Тој исто така повика на соработка меѓу САД и Пакистан во донесување мир и стабилност во Авганистан.

На средбата е дискутирано и за одбраната, земјоделието, водата и спроведувањето на законот.

На безбедносната помош се гледа како на дел од напорите за олеснување на тензиите што произлегуваат од неодамнешните армиски напади на НАТО и САД на пакистанската страна на границата. Американското нетрпение за пакистанската колебливост во борбата против бунтовниците исто така предизвика тензии.

XS
SM
MD
LG