Линкови за пристапност

Пакистанскиот граничен премин затворен и по извинувањето од САД


Пакистанскиот граничен премин затворен и по извинувањето од САД
Пакистанскиот граничен премин затворен и по извинувањето од САД

Пакистанските власти наредија затворање на преминот Торкум пред една недела откако хеликоптери на НАТО со проектил погодија пакистански армиски пункт, убивајќи двајца војници и ранувајќи четворица.

Пакистан се` уште не го отворил граничниот премин користен за снабдување на силите на НАТО во Авганистан, и покрај извинувањето од САД за прекуграничниот напад при што биле убиени пакистански војници.

Портпаролот на пакистанското Министерство за надворешни работи, Абдул Басит, на новинарите во четврток им кажа дека властите вршат проценка на безбедносната ситуација и дека ќе донесе одлука за повторното отворање на снабдувачката рута „кога ќе биде време“.

Пакистанските власти наредија затворање на преминот Торкум пред една недела откако хеликоптери на НАТО со проектил погодија пакистански армиски пункт, убивајќи двајца војници и ранувајќи четворица.

Американскиот амбасадор во Пакистан, Ен Патерсон, хеликоптерскиот напад го нарече „страшна несреќа“ и се извини на Пакистан и на семејствата на убиените.

Генералот Дејвид Петреус, кој раководи со американските и НАТО сили во Авганистан, исто така се извини за смртта на војниците, велејќи дека коалиционите сили „длабоко жалат“ за изгубените животи.

XS
SM
MD
LG