Линкови за пристапност

Палењето танкери на НАТО во Пакистан продолжува


Палењето танкери на НАТО во Пакистан продолжува

Властите велат дека вооружените лица се довезле до 40 камиони и танкери за снабдување на НАТО, во депо близу западниот град Куета, отвориле оган и ги запалиле танкерите.

Вооружени лица во Пакистан запалиле околу 25 нафтени танкери во среда за време на шестиот по ред напад за помалку од една недела на возила кои пренесуваат материјали за потребите на НАТО трупите во Авганистан.

Властите велат дека вооружените лица се довезле до 40 камиони и танкери за снабдување на НАТО, во депо близу западниот град Куета, отвориле оган и ги запалиле танкерите.

Локалните медиуми известуваат дека пакистански Талебан ја презел одговорноста за нападот.

Нападите врз танкери на НАТО започнаа откако Пакистан го затвори граничниот премин Торкум во племенскиот регион Кибер, откако се случи хеликоптерски напад на НАТО во кој Пакистан вели дека се убиени тројца од неговите војници.

Танкерите уништени во близина на Куета користеле различна снабдувачка рута и требало да влезат во Авганистан преку граничниот премин Чаман.

Американскиот Оддел за одбрана се очекува да објави извештај во среда за акцијата на НАТО. Командата на НАТО во Кабул признава дека екипаж на нивни хеликоптер ја минал пакистанската граница во потрага по бунтовници. Но, американски претставници велат дека хеликоптерскиот екипаж верувал оти пакистанските војници пукале на нив и отвориле оган во самоодбрана.

Во северозападен Пакистан во среда армиски претставници кажаа дека американски дрон погодил и убил тројца милитанти.

XS
SM
MD
LG