Линкови за пристапност

Пораст на смртност кај жените од предозираност од лекови против болка


Тврдат американските Центри за контрола и превенција на болести.

Американските Центри за контрола и превенција на болести велат дека предозирањето со лекови против болки е растечка епидемија, особено меѓу жените.

Според организацијата, меѓу 1999-та и 2010-та година 48.000 жени починале од прекумерна доза на лекови против болки што се даваат на рецепта. Смртноста од оваа причина кај жените пораснала за 400% од 1999, споредено со 265% кај мажите.

Во извештајот се додава дека иако мажите и натаму имаат поголеми шанси да починат од предозираност од вакви лекови, јазот меѓу мажите и жените е се` помал. Ова, според организацијата, се должи на зголемено препишување на лекови против болки во САД во изминатата деценија.

Затоа, лекарите се поттикнуваат да имаат предвид дека жените се изложени на поголем ризик од предозирање кога им препишуваат такви лекови.
XS
SM
MD
LG